Охрид, 27. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, во соработка со познатиот охридски Dj Face организираа хуманитарна забава за помош на нашата сограѓанка Бојана на која и е потребна парична помош за лекување.
– На забавата која се одржа во клубот Rebel се и уплатени вкупно 194.000 денари, информираат организаторите.
На Бојана пред девет месеци и’ е дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma.
Донација може да се направи и преку телефонските броеви: А1 143-450 и Телеком 143-122 (100 денари од повик), како и на сметките за донација:
денарска сметка: 200003057020079 MKD
IBAN: МК07200004151704073 AUD
IBAN: МК07200004151699514 EUR
IBAN: МК07200004151698059 SCF
IBAN: МК07200004157877153 USD
Стопанска банка АД Скопје, шифра 562, корисничко име Бојана Танеска Бонеска, цел на дознака: донација за лекување во странство.
Сите кои се во можност можат да донираат и преку GoFundMe. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива