Тетово, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од основните училишта од Прилеп и населените места денес им се придружија на своите другарчиња во изградба на познатиот „Снежен град“ во зимскиот центар „Попова Шапка“.
Изградбaта на овој снежен град предвидено е да заврши во следните пет дена, а потоа тој ќе биде отворен и достапен за сите заинтересирани посетители кои сакаат да ги видат ремек делата направени од снег.
20 –те ученици беа придружувани и од своите професори – ментори, Златко Думбалоски професор по физичко и здравствено образование од О.У. „Добре Јованоски“ и Бобан Петрески професор по ликовно образование од О.У. „Кире Гаврилоски – Јане“.
„Снежниот град“ на Шапка ќе го градат и деца од основните училишта од Тетово. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива