Ученичките заедници од охридските средни училишта потпишаа Меморандум за соработка
декември 12, 2024

Охрид, 12. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид, денеска беше потпишан првиот заеднички Меморандум за соработка меѓу ученичките заедници од сите средни училишта во Охрид.

Иницијативата ја покрена ученичката заедница пти ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, предводена од претседателот Арсениј Ѓоршески, со цел зајакнување на младинската соработка и активностите во градот.

– Меморандумот до потпишаа претседателите на охридските средни училишта: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ претставувано од претседателот Арсениј Ѓоршески, ОСУ „Св. Климент Охридски“ и претседателот Иво Георгиески, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ со претседателот Теодора Митреска и РЦСОО „Ванчо Питошески“ со претседателот Вероника Ѓуракова, порачуваат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Додаваат дека настанот го поздравиле и директорите на училиштата, како и наставниците, кои истакнале дека ова е важен чекор за младинскиот активизам и вмрежување во Охрид.

– Среќни сме што нашата иницијатива донесе заедничка акција на сите средни училишта во Охрид. Ова е само почеток на уште поголеми проекти и активности што ќе ги реализираме заедно, изјави Арсениј Ѓоршески, претседател на ученичката заедница на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука