Охрид, 06. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во Охрид се одржува Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019.
Над 200 учесници од 20 земји, поголемиот дел од нив рекреативци, ќе се натпреваруваат во три дисциплини, трчање, пливање и велосипедизам. Стартот и целта на натпреварите ќе биде на плажата Buffalo Beach.
– Охрид го поставивме како база за триатлон благодарение на природните ресурси со кои располага. Европа го препозна нашиот успех, со ланската организација на овој настан, истакна во емисијата Радио Корнер на Супер радио првиот човек на македонската триатлон федерација Иван Михајловски.
Двата настани се одржуваат утре поради што сообраќајот на потегот од кружниот тек пред СРЦ „Билјанини Извори“ до кружниот тек пред влезот за хотелот „Инекс Олгица“ во правец Охрид – Св. Наум ќе ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 07:30 до 16:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес