Охрид, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Училишниот одбор во Средното општинско стручно училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Охрид вечерва повторно и’ изгласа доверба на професорката Славица Костоска за директор на ова училиште.
Како што дознаваме, на прегласувањето во рамките на постапката за избор на директор на оваа образовна установа, Костоска која сега е в.д. директор на училиштето добила 7, а нејзиниот противкандидат, професорот Никола Тренески освоил само четири гласа.
Предлогот на Училишниот одбор утре ќе биде доставен до градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кој ги иманува директорите на училиштата во општината.
Костоска го освои мнозинството гласови од членовите на Училишниот одобор и на претходното гласање.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес