јануари 31, 2017

Охрид, 31. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Основното училиште „Григор Прличев“ од Охрид, со голем број активности ќе го одбележи патрониот празник, 6-ти февруари.

Чествувањата ќе започнат веќе во петок, 3-ти февруари, со свечена приредба во подрачното училиште во населбата Рача. Овој настан ќе биде со почеток во 18:30 часот.

Додека во понеделник, на самиот ден на патронатот на училиштето, ќе има полагање на свежо цвеќе и венец пред бистата на Григор Прличев во дворот на училиштето.

Попладнето, од 18:30 часот започнува програмата во Центарот за култура „Григор Прличев“, каде ќе биде поставена изложба на ликовни дела. Ќе биде потпишан Меморандум за соработка со Гете институтот. Ова основно училиште во својата наставна програма го има воведено изучувањето на германскиот јазик од трето оделение.

Во 19 часот ќе има Свечена приредба во центарот за култура, на која ќе се претстават учениците со рецитали, музички, драмски и танцови точки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука