Охрид, 16. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Заинтересираните лица кои сакаат да бидат дел од големото талент шоу Ohrid SUPERSTAR, имаат уште точно две недели да се пријавуваат.
По завршувањето на пријавувањето, ќе следат аудициите кои ќе се одржуваат во викендите од март. Главните вечери, односно полуфиналето и финалето ќе се одржат во текот на месец април. Поради возраста на учесниците, сите настани ќе се одржуваат за време на викендите и тоа на големата сцена при Домот на културата „Григор Прличев“ од Охрид.
– Најдобрите ќе се одбираат по три основи: според гласовите на жири Комисијата, според гласовите од телефонското гласање и според гласањето на публиката, што ќе важи само за полуфиналната и финалната вечер. По завршувањето на периодот за пријавување, ќе се пристапи кон селекција и групирање на кандидатите според талентот за кој се пријавуваат, по што ќе биде направен и финалниот календар и ќе бидат известени, потсетува Александра Алексијевска, одговорна за односи со јавност за настанот.
Можат да се пријавуваат музичари, пејачи, глумци, бендови, стенд ап комичари, водители за Тв и Радио проекти.
Организаторите на шоуто обезбедија богати награди за учесниците: парична награда од 2.000 евра, снимање на песна и видео спот со Даниел Јовески и старт на Тв и Радио проект. Сите заинтересирани ќе можат да добијат дополнителни информации и на официјалната страна на Facebook, а својот талент ќе го пријавуваат на маил адресата: [email protected].
Носители на проектот се Супер радио и охридските „Тамаро“ маркети, а главен медиумски партнер е регионалната О2 телевизија. Медиумски поддржувачи се и порталите: Ohrid1, OhridNet, OhridPres, WebOhrid, Ohrid24, StrugaOnline и Inpress, како и струшкото Плеј радио. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес