Охрид, 1. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според најавите на метеоролозите уште денеска ќе ги имаме екстремно високите температури, веќе од утре се очекува жештините да попуштат.
Инаку,изминатата ноќ беше тропска, во делови од земјава минималната температура која беше измерена достигна 24 степени.
Согласно метео алармот, уште денеска се наоѓаме во портокалова фаза. Максималната температура во Охрид се очекува да достигне 36 степени. Инексот на УВ зрачењето има вредност 9.
Температурата на водата во Охридското езеро, според последните мерења е 23,5 степени.
Синоптичарите од утре најавуваат освежување. Претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи и со умерен северен ветер. Максималната дневна температура до 40 степени. (Крај)
извор: УХМР фото: архива