Скопје/Охрид, 5. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – До 15 март важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која започна на 15-ти ноември минатата година.
Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата апелираат возачите, без оглед на условите на патот и временските прилики, до последниот ден да се приджуваат до обврската за поседување и носење на зимска опрема.
Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, на секој возач што постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива