Дамаск/Гостивар, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На боиштата во Сирија убиен е уште еден Албанец од Македонија.
Станува збор за Садик Џемаили (25) од селото Здуње, гостиварско. Како што пренесуваат медиумите на албански јазик, Џемаили последен пат ја минал градинаца на Македонија во месец септември лани, кога се верува дека заминал за да им се приклучи на припадниците на ИД.
Гостиварчанецот Џемаили е четиринаесетиот Албанец од Македонија кој загина на боиштата во Сирија и Ирак.
На страната на ИД на тамошните боишта неофицијално се борат околу 600 Албанци од Албанија, Косово, Македонија и јужниот дел на Србија. Половина од нив се од Косово, од каде и има најмногу загинати, над дваесет. (Крај)
извор: ОхридПрес/Утрински фото: архива
Прочитано: 32