Скопје, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Ректоратот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје ќе се одржи втората средба меѓу претставниците на Министерството за образование, придружувани и од министерот за финансии Зоран Ставрески, Студенсткиот и Професорскиот пленум и ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски.
Новите работни групи со претставници од секоја засегната страна за 30 дена ќе треба да направат анализа на состојбата во образованието.
Министерот Адеми и натаму не дава изјави дали Владата планира да се откаже од државниот испит. Тој е задоволен дека почнала дебатата.
Денеска е 14 ден од окупацијата на факултетите на УКИМ, редовна настава нема, а студентите сами организираат алтернативни предавања со професорите кои ги поддржуваат. (Крај)
извор: МКД.мк фото: архива