Охрид, 29. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, денес во 15:01 часот регистрирше земјотрес, со епицентар на 180 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија и потекнува од епицентралното подрачје Корча.
Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.7, а беше почувствуван од населението во Охрид и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24