Њујорк/Охрид, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – На листата на настапи на охридскиот музичар Владимир Василевски Четкар во САД, се додава уште еден настап, кој ќе се случува во април.
Во сабота 4. април во клубот DROM во Њујорк, концерт ќе има Четкар септет.
На концертот ќе настапат: Владимир Четкар , гитара, вокал, композиции и аранжмани; Ник Фалк – тапани; Стју Мејхан – бас; Владан Мијатовиќ – пијано; Албарт Лојсинк – труба; Арон Хенри – тенор сакс и Кори Валас – тромбон.
Предходно, Четкар имаше најава за концерт во Чикаго, кој ќе се случува на 21-ти март. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 33