февруари 11, 2015

Охрид, 11. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид продолжуваат хуманитарните акции и концерти за помош на жителите од поплавените подрача во Македонија.

На иницијатива на младите членови на бендот Limitless, во петок, 13-ти февруари, ќе се одржи уште еден хуманитарен концерт. Бендот ќе ја забавува публиката со богар и разновиден репертоар на песни, кои ги исполнуваат. Забавата е во соработка со Црвен крст Охрид.

Освен бендот Limitless, гости на овој настан ќе бидат Steel Snakes, BC Generacija и Александар Јосифоски.

– Хуманитарната забава е за помош на жителите од поплавените подрача во Македонија. Дојдете да се забавуваме, бидете хумани и донирајте, повикуваат членовите од бендот Limitless.

Забавата ќе биде со почеток во 21 часот во Госип лаунџ бар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука