јули 8, 2017

Охрид, 8. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Серија земјотреси вечерва во Охрид, во еден час неколку последователни потреси, кои ги вознемирија охриѓани, од кои најсилниот беше регистриран четири минути по полноќ, со јачина од 4.2 степени според Евроската макросеизмичка скала.

Следниот потрес беше регистриран во 00:37 часот со јачина од 2.7 степени, а по кратко време, во 00:54 часот земјотресот беше со јачина од 3.7 степени.

Неколку последователни потреси беа регистрирани и во периодот од 01:02 до 01: 10 часот, со јачина околу 3 степени.

Од 18-ти јуни тлото во Охрид не мирува, регистрирани се над 1.000 земјотреси. Најсилниот регистриран земјотрес досега беше од 5 степени по Рихер кој предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а беа пријавени и помали материјални штети. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: EMSC

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука