Дејтона Бич, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најмалку три лица се повредени, откако синоќа имаше пукање во универзитетскиот кампус на Бетен – Кукман во Дејтона Бич, пренесоа американските медиуми.
Агенциите се повикуваат на извори од полицијата. Лекарите велат дека повредените не се во критична состојба и повредите не се опасни по живот.
Полицијата приведе двајца стрелачи. Еден од нив е студент.
Пријава за истрелите била поднесено во полицијата. Во реонот на универзитетот има засилено полициско присуство. (Крај)
извор: Ројтерс фото: архива
Прочитано: 24