јули 31, 2019

Охрид, 31. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со уште неколку наслови, повторно е збогатен книжниот фонд во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

На располагање на читателите им стојат книгите: „Поранешниот ти” од Луиз Вос, „Долината на стравот” од Артур Конан Дојл, „Сребрениот куфер” од Тери Тод, „Морам да знам” од Карен Кливленд, „Јас сум Малала” од Малала Јусафсај, „Се што чуваме” од Кери Лонсдејл, „Без сон” од П. Д. Џејмс, „Безнадежно” од Колин Хувер, „Исповеди” од Колин Хувер, „Приказната за госпоѓа Тркалезна и за нејзината дружина” од Виржиниа де Кастро и Алмеида, „Лесната принцеза” од Џорџ Мекдоналд, „Приказната за Доктор Дулитл” од Хју Лофтинг и „Морските самовили” од Лиман Френк Баум, информираат од охридската библиотека. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука