Охрид, 2. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со уште неколку наслови, повторно е збогатен книжниот фонд во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
На располагање на читателите им стојат книгите: „Ќерката на дрвосечачот” од Наде Стојилковиќ, „Флерт, уцени и високи потпетици” од Маја Божиновска, „Зошто станав калуѓерка” од Ленче Китанова, „Пагански времиња” од Драги Михајловски, „Млада месечина” од Јовица Ивановски, „Семејна среќа” од Лев Николаевич Толстој, „Години од слама” од Братислав Ташковски, „Олга” од Бернхард Шлинк, „За среќниот живот” од Лукиј Анај Сенека, „Поинаков е сонот за сонцето” од Џемиле Адили, „Да не бидам покусо”од Ѕвездан Георгиевски и „Сестрите Палавееви” од Алек Попов, информираат од охридската библиотека. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива