март 30, 2017

Охрид, 30. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве се во продажба билетите за полуфиналето на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR, за кое владее голем интерес во јавноста.

Остануваат уште три дена од одржувањето на полуфиналето.

Билетите можат да се набават во Music Shop ZZ Top, „Тамаро 5“ маркетoт на Булевар „Туристичка“ кој работи 24 часа и во студиото на Супер радио. Со нив публиката ќе може да гласа за својот фаворит во полуфиналето кое ќе се одржи во недела на 2-ри април со почеток во 11:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Жири комисијата ќе одбере 5 учесници кои ќе влезат во финалето, а публиката ќе има можност со своите гласови да одбере уште двајца. На билетите се наведени имињата на сите кандидати кои влегоа во полуфиналето. Ќе треба да се заокружи името на еден фаворит и да се остави во посебно обележаните кутии во фоајето при Центарот за култура.

Во полуфиналето ќе се натпреваруваат: Ана Марија Кунеска, Емилија Петровска, Ирма Гогова, Андреа Јованоска, Илија Богданоски, Кристијан Танески, Роберт Сошански, Христијан Николоски, танцовата група „The Passengers“, Светлана Вељаноска, Катерина Трајковска, Мухамет Осман Џиџи, Филип Симоноски, бендот „High Voltage“, Ивана Коскоска, Мила Василеска, Викторија Донеска, Ангела Маркоска, Надица Наумоска, Билјана Буџакоска, Сара Петреска и бендот „Barel Row“.

Финалето на Ohrid SUPERSTAR ќе се одржи на 9-ти април со почеток во 11:00 часот во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука