Охрид, 5. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Следната среда, на сцената на Античкиот театар во Охрид, светската џез атракција „Форплеј” ќе го отвори 57-то издание на најпознатата музичко сценска манифестација кај нас, фестивалот „Охридско лето“.
Легендарниот џез квартет опстојува на музичката сцена повеќе од 25 години.
Од фестивалот најавуват атрактивна, квалитетна и возбудлива програма за време на сите 40 фестивалски вечери. Предвидени се над 50 настани, од музички, драмски, балетски претстави и активности во делот на дополнителната програма. Ќе учествуваат уметници од повеќе земји од Европа и светот, како Русија, САД, Канада, Австрија, Кина, Индонезија, Израел, Италија, Франција, Германија, Полска, Хрватска, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Ерменија, Турција и Грција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива