Охрид, 26. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот гитарски виртуоз Дамјан Пејчиноски оствари фантастична соработка со Filippo Dall’Asta на гитара и Toby Medland на виолина.
– Со задоволство го споделувам со вас моето ново видео за песната снимена заедно со Filippo Dall’Asta на гитара и Toby Medland на виолина. Огромна благодарност и до мојот голем пријател Mikkjal Hvannastein од Фарските Острови за аудио миксот и мастерот на песната, напиша на својот профил на Facebook Дамјан.
Дамјан Печиновски важи за еден од најдобрите гитаристи на домашната сцена. Неговото богато музичко искуство напишано со многу странски настапи е верен доказ дека Македонија има сериозни музички таленти кои што можат да се носат рамо до рамо со светските големи имиња. На сцената секогаш плени со својата самодоверба, зрелост и неверојатен слух и техника за гитара.
Со гитарата другарува од својата шеста година, но вистинскиот интерес се пројавил во тинејџерските денови. Има членувано во составите „Ворнинг“, „Абракадабра“ и „Џамп старт“. Во 2002 година на реномираниот фестивал „Рок-фест“ беше прогласен за најдобар гитарист, а наградата – гитара „Јамаха“ лично му ja додели маестро Влатко Стефановски. Во декември 2016 година, Пејчиноски ја доби титулата Доцент на Музичката Академија во Скопје. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива