Струга, 6. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Фасадата на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга осамна „украсена“ со недолични графити.
– Центарот за култура е јавен објект и национална институција која припаѓа и работи во интерес на нашата заедница. Ваквите вандалски чинови се пред сѐ непочитување на сограѓаните и општествено одговорните компании кои несебично вложуваат свои ресурси, информираат од Центарот.
Во реакцијата укажуваат дека објектот е под постојан видео надзор и во соработка со МВР Струга ќе бидат санкционирани сите вакви оштетувања и недозволени графити. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26