мај 22, 2023

Струга, 22. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри мај 2023 година, во 03:24 минути било пријавено дека во струшкото село Лабуништа се врши кражба во трафика.

– Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Лабуништа излегле на местото, по што лицата со нивното возило, бегајќи, удриле во службеното полициско возило „Дачиа“ и го напуштиле местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука