Акапулко, 1. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Давид Ферер ја прекина серијата од пет последователни порази во натпреварите против јапонската ѕвезда Кеј Нишикори.
Шпанецот го победи со 6-3, 7-5 за триумф и освојување на титулата на турнирот во мексиканското одморалиште Акапулко.
Ферер ги загуби четирите натпревари против Нишикори во 2014 година, а оваа сезона не успеа да добие ни сет во натпреварот против него на Аустрелиан Опен. На последниот натпревар ситуацијата беше поинаква и Ферер доминираше на средбата со Нишикори, за да ја освои третата титула сезонава и вкупно 24-та во неговата кариера.
Турнирот во Акапулко полни 20 години се играше на земја, а од минатата година се игра на сини цврсти терени. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 27