Нион, 6. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според резултатите од гласањето на официјалниот сајт на УЕФА , напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес е најдоброто јануарско засилување
.
Шпанецот во зимскиот трансфер период се врати на “Висенте Калдерон” и досега успеа да постигна три гола – два против Реал и еден против Барселона.
На второто место во ова гласање на сајтот на УЕФА е новиот играч на Манчестер Сити, Вилфред Бони, а според фановите меѓу најдобрите пет засилувања се: Сејду Думбија од Рома, Џердан Шаќири од Интер и Андре Ширле од Волфсбург.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 13