март 23, 2018

Охрид, 23. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради неисполнување на обврските дадени во договорот, раскинат е договорот за соработка со музичкиот селектор Ѓорѓи Цуцковски, по претходна согласност од Управниот одбор на фестивалот „Охридско лето“.

– Управниот одбор на Н.У. „Охридско лето“ на денешната седница го прифати предлогот за именување на нови селектори. За драмскиот дел од програмата како селектор е именуванАлександар Поповски, еден од нашите најуспешни театарски и филмски режисери. За музичкиот дел од програмата на Фестивалот „Охридско лето“ како селектор е именуван проф м-р Васо Ристов од Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Се работи за двајца истакнати уметници  и културни работници, добро познати на домашната и меѓународната театарска и музичка јавност, кои зад себе имаат богата меѓународна професионална кариера. Фестивалот „Охридско лето“ очекува од новоименуваните селектори да ги вложат своите капацитети максимално и да бидат активни креатори на уметничката програма на годинешново фестивалско издание, во духот на богатата меѓународна традиција, реноме и значење на „Охридско лето“, информираат одговорните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука