јуни 22, 2017

Охрид, 22. јуни 2017 (ОХИРДПРЕС) – Од 23-ти до 27-ми јуни, Охрид ќе биде домаќин на фестивалот „Словенија во Охрид 2017 година“.

Фестивалот се одржува по втор пат и преминува во една традиција во која меѓу другото се одбележува и денот на Република Словенија.

Свеченото отворање е закажано за сабота во 20:00 часот на летната сцена „Долни Сарај“ во Охрид, по што ќе се одржи концерт на Зоран Предин со најпознатата словенечка група Лачни Франц.

– Покрај тоа што ќе се изведуваат настани на летната сцена на „Долни Сарај“,изведби ќе има и на повеќе локации низ градот за кои јавноста дополнително и навремено ќе биде информирана. Од аспект на културно зближување на Република Македонија и Република Словенија ги покануваме и повикуваме љубителите на културните манифестации да присуствуваат како на самото отворање така и на другите изведби на артистите и уметниците од Република Словенија, информираат организаторите од  Здружението на граѓани „Артвивенди 2016“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука