јануари 24, 2015

Вашингтон, 14. јануaри 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фејсбук ќе започне со предупредувања секогаш кога ќе сакате да пуштите некој клип, кој би можел да се смета за „шокантен, навредлив или вознемирувачки“.

– Предупредувањето ќе престане и автоматското ќе се пушти клипот, освен ако корисникот не кликне на нив, соопштува Би-Би-Си. Сајтот ќе го забрани пристапот до вакви видео содржини и на лица кои се регистрирани како малолетници.

И покрај овие мерки, психолозите предупредуваат дека тоа сепак нема да биде доволно за да се заштитатранливите корисници“ на мрежата.

Еден од првите клипови, врз кои ќе биде применета оваа мерка, ќе биде видеото од убиството на полицаецот Ахмед Мерабет, кој беше убиен во нападот на терористи на редакцијата на весникот „Шарл ебдо“. (Крај)

извор: АФП фото: АП

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука