Минхен,9. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – ФИБА Европа го укина признавањето на регионалната АБА лига каде се натпреварува и Македонскиот шампион,МЗТ Скопје.
Бордот на ФИБА Европа по состанокот викендов издал соопштение во кое се наведува дека причината за укинување на признавањето се несогласувањето на правилата за натпреварувањето со генералниот статут и правилникот на федерацијата.Тековната сезона ќе се доигра а суспензијата стапува на сила од следната сезона.
Од друга страна, ФИБА го призна второто регионално натпреварување, балканската БИБЛ лига.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 34