Скопје, 17. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево на Корона вирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни, објави на официјалниот профил на Facebook македонскиот министер за здравство Венко Филипче.
– – Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31, објави министерот Филипче. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 53