октомври 4, 2021

Скопје, 4. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Комитетот за имунизација излезе со нови препораки во однос на примањето трета доза вакцина против COVID-19.

– Освен повозрасните категории на граѓани над 60 години, трета доза на вакцина да добијат и било кои други граѓани без разлика на возраста и без разлика на тоа дали имаат или немаат други хронични болести, а се во значаен ризик заради фрекфентните контакти, типот на работата, работното место да заболат. Ова се препораки кои ги следат препораките на други европски земји и САД, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Заклучно со 2-ри октомври, во Република Македонија вкупно се имунизирани 789.802, а со втора доза 734.023 граѓани. Трета доза досега примиле 329 лица.

Над 47% од полнолетната популација во државата примила една доза, а 44% две дози. На територија на цела државата од вкупното население, 38,2 % примиле една доза.

Според општини, најмногу вакцинирани, со две дози над 18 години: Вевчани 72,3%, над 60% Гевгелија, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Охрид, над 55% – Росоман, Ресен, Дојран, Дебарца, Богданци, Битола и Берово. Под 30% се во Липково, Македонска Каменица, Ново Село. Моментално земјава располага со 260.000 дози од производителот Фајзер, 45.000 дози од Синовак и 100.000 дози од Астра Зенека. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука