јануари 6, 2017

Манхејм, 6. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Преселбата на Филип Талески од Металург во Рајн Некар Левен е официјален, и на него нема да се чека до јули 2018 година како што претходно беше договорено.

Талески не ја крие желбата што поскоро да се пресели во Бундес-лигата, каде за соиграч ќе го има и репрезентативниот колега Дејан Манасков.

Некар Левен го потврди трансферот на својата официјална веб-страница, наведувајќи дека со Металург било договорено Талевски во Бундес лигата да се пресели по завршувањето на СП во Франција. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука