Струга, 29. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Новиот македонски филм „До Балчак“ ќе се прикажува во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, од денеска до 1-ви ноември, со почеток во 19.00 часот.
Режијата е на Столе Попов, а продуценти се Данчо Чеврески и Миливое Ѓорѓевиќ. Сценаристи се Горан Стефановски и Столе Попов.
Во оваа сурова и истовремено романтична љубовна приказна играат актерите Ити Срај, Сашко Коцев, Мартин Јордановски, Тони Михајловски, Искра Ветерова, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Никола Ристановски, Драган Спасовски – Дац, Гораст Цветковски. Музиката за филмот е на Дуке Бојаџиев.
Снимањето на филмот „До Балчак“ започна во мај 2012 година, а екипата снимаше сцени на различни локации во Битола, Охрид, Скопје, Демир Хисар, Штип и Прилеп. (Крај/А.Р.)
извор: ОхридПрес фото: архива