Охрид, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во соработка со Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид, Планинскиот филмски фестивал „Ехо“ на 24-ти февруари ќе се прикажува во Охрид.
„ЕХО во Охрид“ својот дом ќе го има во Objectif Lounge Bar, а програмата ќе започне во 18 часот. Во текот на 4-часовната програма, покрај атрактивната селекција на филмови од последното ЕХО, исто така ќе биде претставена и досегашната активност на членовите на клубот „Патагонија“, како и нивните идни планови.
Влезот ќе биде слободен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29