февруари 23, 2015

Охрид, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во соработка со Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид, Планинскиот филмски фестивал „Ехо“ утре ќе се одржи во Охрид.

„ЕХО во Охрид“ својот дом ќе го има во Objectif Lounge Bar, а програмата ќе започне во 18 часот. Во текот на 4-часовната програма, покрај атрактивната селекција на филмови од последното ЕХО, исто така ќе биде претставена и досегашната активност на членовите на клубот „Патагонија“, како и нивните идни планови.

Влезот ќе биде слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука