Скопје, 7. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод 8-ми Април – Светскиот ден на Ромите, најавенот е Свеченото затварање и прогласување на победниците на овогодишниот 15-ти по ред Ромскиот филмски фестивал „Златно тркало 2017“.
Настанот ќе се случи на 11 април, вторник, со почеток од 19:00 часот во Кинотека на Македонија. Пред свеченото затворање и прогласување на победниците на фестивалот ќе бидат прикажани два краткометражни документарни филмови од по 15 минути.
Едниот е посветен за Кралицата на Ромската музика, сега починатата Есма Реџепова Теодосиевска, додека вториот документарец „Сенки на животни приказни“ посветен за дискриминацијата врз Ромите во продукција на НРЦ од Куманово.
Наградени филмови на овогодишниот Филмски Фестивал „Златно тркало 2017“:
Најдобра режија – „Солзи во рајот„ – Р. Бугарија 2004 година, Продукција: Фондација „Ромитерна – право на живот“ Продуцент: Христо Христов.
Најдобра музика: „Мојот сакан Сукуле“ – Р.Турција -2010 година Режија, сценарио и продуцент Неџла Осејран.
Најдобар Документарен филм: „Разни Беседи“ – Руска федерација 2010 година, Сценарио, режија и продуцент: Татјана Чистова.
Нагарада – „Декада на Ромите“ – „ Трите сестри“ – Р.Унгарија 2009 година Режија: Кошчеги Едит.
Најдобро сценарио: „Наташа“ – Продукција: Р. Австрија – Р. Бугарија 2008 година.
ГРАНД ПРИ – „Сенки на животни приказни“ – Р.Македонија, 2016 година. Продукција: НРЦ – Куманово Режија – Мартин Давитковски, Сценарио: Ирфан Мартез. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива