јули 5, 2019

Охрид, 5. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – В недела од Скопје старува летната серија трки на пет дестинации покрај вода „Beach Run 2019“, а на календарот на трки е и Охрид.

Серијата трки ќе се одржи на пет локации покрај вода во Македонија: Скопје, Дојран,Преспа, Маврово и Охрид, во периодот од 7- ми јули до 3-ти август.

Во Охрид ќе се одржува финалниот натпревар, на 3-ти август, со трки на пет и десет километри.

Организатор е Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје, во рамки на платформата „Ја трчаме Македонија“. На трките, кои се дел од серијата „Beach Run 2019“ може да учествува секој што сака да се натпреварува во трчање, на една, неколку или на сите предвидени трки од серијата.

За победниците на секоја од трките и на целата лига е обезбеден паричен награден фонд во вредност од 60.000 денари. На секоја од трките ќе бидат наградени најбрзите тројца во машка и женска конкуренција, а сите натпреварувачи кои успешно ја истрчале трката ќе освојат поени според постигнатото место, кои понатаму ќе служат за формирање рејтинг табела и одредување на победникот на серијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука