Охрид, 26. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Уште само четири дена до крајот на изборната кампања и вториот круг на локалните избори 2021 година.
Д-р Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и д-р Константин Георгиески, учесници во вториот круг од изборниот процес ги продолжуваат активностите, презентирајќи ја секојдневно својата програма пред граѓаните.
Пецаков влезе во вториот круг со предност од близу 2.000 гласови и во пораките ги апострофира поголемите планови за развој на градот и околината и повикува на масовна излезност на 31-ви октомври. Георгиески во најголемиот дел од пораките посочува на реализираните проекти и најавува континуитет со повеќе важни инвестиции. Двајцата имаат помош од Централите на партиите и лидерите Мицкоски и Заев, кои деновиве беа во Охрид да им дадат поддршка на своите кандидати.
Во петок на полноќ започнува изборниот молк, во пресрет на гласањето во недела, кое ќе го даде одговорот на прашањето – кој ќе биде новиот градоначалник на Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес