Охрид, 9. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Компанијата „Топлина“ од охридското село Подмоље ќе копа јаглен и меѓуслојна јаловина од рудникот Брод-Гнеотино за потребите на РЕК „Битола“.
Така решило раководството на државната компанија Електрани на Македонија, по спроведената постапка, јави порталот 360 Степени.
Според објавата на Бирото за јавни набавки, станува збор за рамковна спогодба. Тоа значи дека може, но не мора да се исцрпи целата вредност на договорот од околу 1.150.000 евра. (Крај)
извор: 360 Степени фото: 360 Степени
Прочитано: 49