Цирих, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според пишувањето на неколку европски медиуми ФИФА би можела овој месец да донесе одлука и да дозволи и четврта измена на еден меч , но само во продолженијата
.
Доколку овој предлог биде прифатен на состанокот на Интернационалниот одбор на фудбалски асоцијации кој ќе се одржи на 28. февруари, новото правило би можело да се применува веќе од јули оваа година.
Ова правило е поддржано и од селекторот на Германија, Јоаким Лев кој истакнал дека планот е да им се помогне на екипите да се изборат со заморот и повредите на играчите во продолженијата.(Крај)
извор: Спорт ТА фото:архива
Прочитано: 24