Цирих, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според соопштението од седиштето на ФИФА, фудбалскиот клуб Барселона ова лето ќе може да купува нови играчи, но нема да има право да ги регистрира се до јануари 2016 година.
Како што објави „Скај спортс“, каталонците ова лето можат да доведат нови играчи и потоа да ги пратат на шестмесечна позајмица во некој друг клуб.
Каталонскиот клуб заработи казна поради неправилности при ангажирањето и регистрирањето на странски фудбалери помали од 18 години. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 29