Цирих, 9. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – ФИФА минатата година имала загуба од 369 милиони долари а главна причина се судските трошоци за истрагата кои ги водат американските и швајцарските органи за корупцијата во ФИФА,
Од ФИФА очекуваат уште поголеми загуби во текот на оваа година, но и стабилизација на состојбата и профит од милијарда долари во 2018 година, главно од телевизиските права за СП во Русија.
Светската куќа на фудбалот соопшти дека по отворањето на истражните процеси против неа загубиле и голем број на спонзори. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 21