Охрид, 24. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, со почеток во 13:00 часот, на теренот со вештачка трева во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, ФК „Св. Троица“ ќе го одигра последниот натпревар од првиот дел од сезоната во Третата МФЛ против екипата на ФК „Преспа“.
– Овој натпревар има и хуманитарен карактер, бидејќи на него ќе биде поставена кутија за донации во поддршка на малата Теодора, наша сограѓанка која е во процес на лекување. Сите собрани средства ќе бидат наменети за нејзиното успешно закрепнување, информираат од клубот.
Во меѓувреме, охриѓани продолжуваат со организација на бројни настани и хуманитарни акции за помош на 3-годишната Теодора, која има потреба од операција со Кохеларен имплант.
Сите хумани граѓани можат да донираат преку ecrowd.mk и pavelandreev.org, како и преку 143 128 на T-Mobile и 143 465 преку мрежата на А1.
Жиро сметка:
Зоран Петрески
дознака: Донација за Теодора Петреска
жиро сметка: 200002342823047 (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива