октомври 7, 2017

Охрид/Скопје, 7. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на своите активности, претставници на Фондацијата Македонско Наследство „Тодор Александров” оствари средба со словенечкиот амбасадор во земјава проф.д-р.Милан Јазбец.

Домаќин на средбата беше извршниот директор на Фондацијата,  д-р Никола Митровиќ Бабе.

Babe-1

– Ова е многу значајна средба на која се реафирмира соработката и пријателските односи помеѓу Македонија и Словенија. Ние како фондација ќе се потрудиме оваа соработка да се продлабочи на многу други полиња. Со неговата екселенција Амбасадорот Јазбец разменивне мислења и согледувања за унапредување на соработката на нашата фондација со слични фондации и институции во Словенија. Беа разгледани и конкретни насоки и планови за соработка во периодот што следи, вели Митровиќ.

Тој потенцира дека вакви средби на високо ниво ќе бидат пракса во понатамошното работење и дејствување на самата фондација. (Крај)

извор: webohrid фото: webohrid

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука