јануари 28, 2017

Скопје, 28. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фондацијата којашто го носи името на Тоше Проески, најави нов албум на англиски јазик, но и концерт по повод 10-годишнината од неговата смрт.

Иако не е точно прецизирано за која фондација станува збор, се наведува дека работењето на новиот албум на англиски јазик одамна започнало и тоа во студиото на продуцентот Енди Рајт во Лондон, кој соработуваше во македонската музичка легенда.

Албумот ќе се вика „Secret Place“ (Тајно место), а најавен е и голем концерт под називот „Деценија без Тоше“, кој ќе го поддржи Министерството за култура. Засега се знаат имињата на две песни коишто ќе се најдат на постхумниот албум – „Light the Flame“ и „Where Do I Belong“.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година. (Крај)

извор: Плус Инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука