Охрид, 23. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Формирана е стручната комисија која ќе ги разгледува пристигнатите кандидатури за доделување на општинската награда „Патрон на градот – Св.Климент Охридски“.
Со решение на градоначалникот Јован Стојаноски, претседател на комисијата е Живка Ангелоска, а членови се Елеонора Куноска, Д-р Павле Митрески, Нина Момироска, Славко Упевче, Владо Жура и Симон Илиески.
Стручната комисијата има обврска да ги разгледа пристигнатите кандидатури, да изврши нивно рангирање и да достави предлог до градоначалникот на општина Охрид за доделување на наградата „Патрон на градот – Св.Климент Охридски“.
Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот. Конкурсот е отворен до 30-ти ноември. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива