News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 28, 2024

Охрид, 28. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од кога не сте ни дошле… Да ни дојдите повторно на визита во „Форт кафе“…

Со ваква порака, од охридското „Форт кафе“ ги информираат охриѓани дека започнуваат нова сезона од нивниот концепт „Да ми дојдиш на визита“.

– Повторно е време за врвна музика и проверена забава во комбинација со највкусна храна и визитарско мени. Уште залеано со шише врвно вино Dane Hermes. Владо Броз и Марама ќе се погрижат за уште една незаборавна вечер под Самуиловата тврдина, со најубав поглед на Охрид. Оние кои доаѓаа на нашите визити знаат, а сите други ги очекуваме на следната визита, закажана за недела, 3-ти ноември со почеток во 17:00 часот, информираат од „Форт кафе“.

Додаваат дека цената е 1.200 денари по лице, со слободен влез по претходна резервација на телефонот 078/242-099.

– Да ни дојдите на визита. Ве очекуваме да уживаме заедно, з’ш меракот е најважен, порачуваат од „Форт кафе“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука