Охрид, 11. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридското „Форт кафе“, верно на својот #soljubov слоган, организира акција за продажба на фотографии од изложбата „Мојот магичен град-Охрид“ од охридскиот фотограф Зоран Вељаноски – Летра.
– Акцијата започнува денеска, на празникот, 11-ти октомври и ќе трае се’ до продажбата на сите 42 фотографии кои беа дел од изложбата. Ќе продадеме дел од фондот фотографии од изложбата која беше дел од проектот „Охридски приказни“ насловена „Мојот магичен град-Охрид“ од резидентниот артист, фотографот Зоран Вељаноски- Летра, информираат од „Форт кафе“.
Додаваат дека собраните средства комплетно ќе бидат уплатени на хуманитарната сметка за Бојана.
Како толку пати претходно, охриѓани ја докажуваат хуманоста и со бројни акции и иницијативи собираат средства за помош на сограѓанката Бојана, на која пред девет месеци и’ е дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma.
Донација може да се направи и преку телефонските броеви: А1 143-450 и Телеком 143-122 (100 денари од повик), како и на сметките за донација:
денарска сметка: 200003057020079 MKD
IBAN: МК07200004151704073 AUD
IBAN: МК07200004151699514 EUR
IBAN: МК07200004151698059 SCF
IBAN: МК07200004157877153 USD
Стопанска банка АД Скопје, шифра 562, корисничко име Бојана Танеска Бонеска, цел на дознака: донација за лекување во странство.
Сите кои се во можност можат да донираат и преку GoFundMe. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива