Њујорк, 19. февруари (ОХРИДПРЕС) – Слики на поп дивата Бијонсе без никакви корекции со фотошоп се појавија на интернет и предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи.
Кадрите се дел од рекламна фотосесија која пејачката ја снимаше за козметичкиот гигант LÓreal. Но фотографите не беа објавени од фирмата, туку од еден од најголемите фенсајтови на поп пејачката – thebeyonceworld.com.
На нив пејачката е со многу шминка, а секое несовршенство на кожата јасно се гледа. (Крај)
извор: People фото: thebeyonceworld
Прочитано: 22