Скопје, 9. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На социјалните мрежи се појави фотографија на кои се тврди дека е лицето Бојан Јовановски (Боки 13) во Истражниот затвор во Шутка.
Неофицијално, станува збор за фотографија која е стара околу седум дена.
Бојан Јовановски познат како Боки 13 на 16-ти јули оваа година, по распитот пред судија на претходна постапка заврши во притвор. Основниот кривичен суд вечерва соопшти дека е донесена одлука да се прифати предлогот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и дека се исполнети условите на осомничениот да му биде определена мерка притвор од 30 дена.
– По произнесување на спроведените лица и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на Обвинителството, судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и донесе решенија со кои на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена со оглед дека смета дека се исполнети условите од член 165 ст. 1 точки 1,2 и 3 од ЗКП. Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет, се вели во соопштението на Кривичниот суд.
Претходно мерка притвор беше определена и за Зоран Милески Кически. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес